Приведенa малолетничка од Србија која на ТикТок го величела убиецот Кецмановиќ

од Nikola Popovski

Припадниците на српското МВР на информативен разговор повикале малолетно девојче кое се снимало себеси на ТикТок, исмевајќи го масакрот што се случи во Врачар, при што го величела убиецот Коста Кецмановиќ, потврдила тамошната полиција за српските медиуми.

Бидејќи се работи за малолетничка, против родителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Предметното видео покажува малолетно девојче кое се вклучило во живо на ТикТок и пред стотина обожаватели го поддржала крвавиот пир во училиштето во Врачар. Таа го пофалила Кецмановиќ, ги исмејувала жртвите на масакрот, а потоа направила фан страна со негова слика, која е во описот на нејзиниот Инстаграм профил.

Да потсетиме, во невидена трагедија во ОУ „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца и еден чувар, а беа ранети шест ученици и наставничка. Убиецот е нивниот школски другар Коста К, а се уште не се знае точно која е точната причина за злосторството што го изврши.

Слични содржини