456
Ноќеска во 02.30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје.
Скопјанката го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Нејзе ѝ бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.