Приведена жена, украла 2.600 евра од фирмата во која работела

од Берта Китинска
319 прегледи

Полцијата денеска приведе жена од Тетово поради сомнение дека извршила кражба во фирмата во која работела.

Дваесет и шестгодишната тетовка Д.Ј. денеска претпладне е приведена поради основи на сомнение дека извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела 2.600 евра, соопшти МВР.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе ѝ биде изготвен соодветен поднесок. Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11.30 часот.

Слични содржини