Во полициска акција утринава се уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот „Идризово“.
„Уапсени се 17 припадници на затворската полиција и веќе се изнесени пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството.
Уапсените затворски полицајци веќе се спроведени во Кривичниот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на денот.
Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во петокот исто така влегоа во најголемиот затвор во државава. Пo претресот во затворот Идризово најдени поголема количина недозволени предмети. Како што потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје претресите се поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија, односно меѓу затворениците се бара дрога и други недозволени предмети.