Приведени 25-годишни крадци за издржување на затворски казни

од Nikola Popovski
284 прегледи

На 23.04.2022 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(25), со живеалиште во Скопје, и С.Р.(25) од Скопје.

Притоа, Р.Р. се барал за издржување на казна затвор од 3 години за извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, додека С.Р. за издржување на затворска казна во времетраење од 2 години во врска со кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Двете лица се приведени во полициска станица и ќе бидат спроведени во казнено-поправна установа за издржување на казните.

Слични содржини