Приведени двајца крадци, украденото вратено на сопственикот

од Vladimir Zorba
267 прегледи

На 07.01.2023 полициски службеници од Полициска станица Центар и Бит Пазар во координација со Единица за интервентна полиција ги лишиле од слобода И.И.(31) и С.А.(36), двајцата од Скопје.

Имено, постапувајќи по пријава во 12.02 часот за извршено кривично дело „кражба“ на поголем број предмети од куќа, извршена во временскиот период од 09.00 часот на 05.01.2023 до 22.45 часот на 06.01.2023, преземени се оперативни мерки и активности, при што за кратко време на подрачјето на Бит Пазар во Скопје е пронајдено возилото „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, со кое е извршено кривичното дело, а кое го управувал И.И.. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го појаснил начинот и времето на извршување на кривичното дело.

Малку подоцна е приведен и С.А. кој, исто така, во службен разговор го појаснил времето и местото на извршеното кривично дело, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.

Слични содржини