Приведени двајца криумчари на мигранти

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Две лица од кои еден малолетник се фатени како вчера превезуваат мигранти на автопатот Табановце – Куманово.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 20-годишниот А.И. од скопското село Огњанци и малолетникот од селото Палатица, општина Желино, во возило „фолксваген голф“ со тетовски таблички превезувале тројца мигранти од кои двајца од Кина и еден од Индија.

Полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мигрантите ее сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.