219
На 08.08.2021 околу 15.30 часот во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени од слобода се Е.А.(29) и Л.А.(23), двајцата од Скопје. Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети , кои се одземени и вратени на сопственикот, информираат од МВР.
Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.236.ст.1.од Кривичниот законик.