306
На 05.08.2021 околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар, при влез во Гостивар, биле лишени од слобода А.Ж.(41) од Скопје и В.С.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.
Според нив, при контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ж., каде како сопатник бил В.С., биле пронајдени пакување марихуана и пакување кокаин.
-Двете лица се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок, велат од полицијата.