305
На 11.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар биле лишени од слобода Н.А.(57) и З.Ј.(52), и двајцата од Скопје, непосредно по извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, на Плоштад Филип Втори во Скопје. Имено, тие од С.Б.(20) од Скопје, одзеле пари.Лицата биле приведени во полициска станица, а парите се одземени и вратени на сопственикот, соопштија од МВР.
По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава ,по член 236 став 3 од Кривичниот закони.