Приведени крадци од Кочани, расчистени 14 кривични дела

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска (16.02.2023) ги лишија од слобода А.М. (29) од Кочани и С.Р. (20) од Кочани, а извршен е и службен разговор со малолетник, поради основано сомнение дека тројцата извршиле 12 тешки кражби и две кражби на подрачјето на Кочани.

Тие во службен разговор ги признале делата извршени во обложувалница, аптека, фирми, куќи, возила…

Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Слични содржини