Приведени криминалци во Виница

од Берта Китинска
368 прегледи

На 02.06.2022 во Виница, полициски службеници на СВР Штип – Полициска станица Виница ги лишиле од слобода Д.С.(34) од Крива Паланка, С.Т.(22) од Зрновци, кочанско и Б.И.(37) од с.Грдовци, кочанско. При претрес, извршен со судска наредба, во патничко возило „ауди“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С., сопственост на Б.И., во кое сопатник бил С.Т., биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, остри предмети, странски лични документи, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кривични дела.
По извршени проверки било утврдено и дека Д.С. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна од 12 години, а бил осуден на вкупно 22 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната, информираат од МВР.

Пронајдените предмети кои потекнуваат од кражби ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини