Приведени Миленко Неделковски и Александар Пандов

од Nikola Popovski
495 прегледи

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него имало гости. Како што објави порталот „А1он“, меѓу приведените гости кои биле во објектот се и новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“. Според информациите, во кафеаната имало многу гости, но голем дел од нив успеале да избегаат откако полицијата влегла во објектот.

„Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19“, стои во билтенот на МВР.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини