Приведени пет малолетници во Скопје поради сомнение за извршени кражби

од Radmila Tasevska

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево синоќа лишиле од слобода пет малолетници од Скопје.

Како што информираат од МВР, кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, а кај еден од нив бил пронајден и одземен нож.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини