290
МВР соопшти дека утрово во 05.35 часот полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Е.И.(22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво”.
Околу 05.00 часот во казино на ул. „Балканска” во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот.
Според МВР, лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.