213
На 01.11.2022 во 16.00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица.
Тие се сомничат дека во текот на истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружница Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети.
Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.