Приведени три лица: Се тепале и дивееле со „јагуар“ низ Тетово

од Берта Китинска
194 прегледи

Во 20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17.30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, каде било инволвирано уште едно лице, при што со патничко возило „јагуар“ без регистарски ознаки била загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.