Приведени три лица: Утврдено точење алкохол на малолетници во угостителски објекти во Карпош

од Берта Китинска
195 прегледи

На 29/30.07.2022 на подрачјето на Карпош во рамки на „Безбедно лето 2022″ извршена е контрола во угостителски објекти со цел преземање на мерки и активности за спречување на нарушување на јавниот ред и мир и контрола точење и продавање на алкохол на малолетници.

Како што соопшти МВР, при контролата во еден од нив биле затекнати две малолетни женски лица како консумираат алкохол, за што против родителот/старателот на малолетниците, правното лице, одговорните и вработената во правното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Воедно, при контрола на патничко возило приведени се М.Г.(39), М.В.(38) и С.Н.(44), сите од Скопје и на истите им е сочинет записник за констатирани прекршоци од Закон за лични карти и од Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Слични содржини