210
Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.
За време на контролите лишени од слобода се три лица. При преглед кај едното лице билe пронајдени поголема количина таблети „екстази“ и кокаин, додека кај останатите две лица пронајден е кокаин.
Против лицата ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.