Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Тетово

од Берта Китинска
227 прегледи

Приведени се уште две лица поради учество во вчерашниот протест во Тетово.

-Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и А.Ш (1991) двајцата од Тетово. Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консулатација со Јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок, информираa oд СВР Тетово.

Роднините на трагично загинатите во модуларната ковид болница вчера одржа протест, притоа барајќи правда за нивните сакни.Револтираните граѓани се упатија кон седиштето на општина Тетово, каде што одржа говор, а потоа со јајца гаѓаа кон зградат на општината.

Во пожарот во модуларната болница, кој избувна вечерта на 8 септември, животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.