Приведени уште петмина каталонски сепаратистички лидери

од Vladimir Zorba
105 прегледи

  Шпанската полиција по налог на Врховниот суд на Шпанија денеска приведе уште петмина каталонски сепаратистички лидери, меѓу кои и кандидатот за претседател на регионалната Влада на Каталонија, Жорди Турул.

Во налогот на Судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Обвиненија за бунт, злоупотреби на функциите и непочитување на институциите на шпанската држава се покренати против вкупно 25 каталонски регионални лидери, меѓу кои се и петмината денеска приведени.

По денешното приведување, Турул не ќе може да присуствува на утрешната дебата во каталонскиот Парламент посветена на неговиот избор за претседател на регионалната Влада.

Покрај Турул, меѓу денеска приведеите каталонски лидери е и поранешната претседателка на Парламентот во Барселона, Карме Форкадел и тројца екс-министри во регионалната Влада на Каталонија.

Слични содржини