Приведен 21-годишен од Турција, неовластено влегол во резиденција во Охрид

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Вчера, во 12.50 часот, во СВР Охрид е приведен К. М. С. (21) од Република Турција.

Според полицијата, тој претходно, со прескокнување метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро постапувајќи спротивно на наредбата за забранет пристап.

Одземена му е патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид за натамошна постапка, соопшти полицијата.

Слични содржини