163
На 19.09.2023 во 11.15 часот Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Р.(52) од с.Али Коч, радовишко. Тој се сомничи дека на 18.09.2023 предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун. С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.
Исто така, тој признал дека на 31.07.2023 и 01.08.2023, на место викано „Градска депонија” во Радовиш, предизвикал пожар во кој била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување на куќа.
По целосно документирање на случаите, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.