275
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, денеска во ресенското село Сурленци го привеле М.Т. (47) бидејќи кај него биле пронајдени бесправно исечени дрва.
Како што информираат од МВР, при тоа биле пронајдени и одземени околу 11 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.