145
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, синоќа околу 21:50 часот во скопската населба Хром, го привеле скопјанецот И.Е. (37), бидејќи по извршен преглед кај него е пронајден пиштол „Екол“.
Како што соопшти МВР, лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружје.