337
Приведенo лицe од Албанија барано од Интерпол.
На 17.10.2020 во 01.30 часот на влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на Стоп – листа со мерка „Апси“ по барање од Интерпол-Атина , Република Грција.