Приведено лице од Битола за извршена тешка кражба во Прилеп

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР Битола на 02.07.2021 го лишиле од слобода А.Б.(29) од Битола, поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп, при што бил одземен метален сеф со пари.

Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка.

Слични содржини