Приведено лице од Скопје барано со потерница

од Берта Китинска
243 прегледи

Денеска во 14.10 часот на ул.„Ордан Чопела” во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага го лишиле од слобода М.Р.(37) од Скопје, кој со потерница се барал за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит пазар за понатамошна постапка.

Слични содржини