Приведено лице за време на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ – омаловажувал службено лице и се однесувал агресивно

од Vladimir Zorba
283 прегледи

За време на денешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ приведено е едно лице, по што група демонстранти ѝ дадоа отпор на полицијата и бараа негово ослободување.

Демонстрантите велат дека приведеното лице снимало со мобилен телефон и дека тоа е причината за приведувањето, но од полицијата велат дека лицето се однесувало агресивно.

„Едно лице е лишено од слобода поради омаловажување службено лице и агресивно однесување, како и непочитување наредба од полициски службеник“, велат од МВР.

Слични содржини