Приведеното лице за судирот во Вевчани се огласи на фејсбук: Имав распит од 4 часа, добив 3 прекршочни и 1 кривична пријава

352 прегледи
Уапсено лице од судирот со полицијата во рамки на Вевчанскиот карневал, денес се огласи на својот фејсбук профил каде посочи дека бил на распит 4 часа и во истите му се ставаат на терет повеќе точки.
Денес бев на 4 часовен распит во полициска станица во Струга, овде морам да кажам дека инспекторите кои го вршеа службениот разговор беа коректни.
Добив 3 прекршочни пријави и 1 кривична пријава.
Кривична пријава по член 206 од КЗ, кој предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Сум учествувал во прослава
Сум повикувал и поттикнувал и други граѓани на групна прослава
Прослава најверојатно мислат како таа што беше во Штип кога прославуваше раководството на СДСМ победа на избори на кои сами учествуваа.
Во Вевчани немаше никаква прослава, па оттука ниту пак јас учествував во прослава, а уште помалку повикував на групна прослава
Омаложување и навредување на полициски службеник во вршење на служба 
Најодговорно тврдам дека такво нешто немаше
 Неовластено снимање
 Незнаев дека треба овластување за снимање на јавен настан кој се одвива на јавен простор  кој истиот настан го снимаа, фотографираа, стотици граѓани, новинари и фоторепортери.
20 евра за неносење заштитна маска;
Признавам – виновен сум
Нема предавање, борбата продолжува! Да живее Вевчани и Македонија!

Слични содржини