Жените често се прашуваат како најдобро можат да го привлечат вниманието на мажот. Секако дека има повеќе начини, но доколку сакате нешто повеќе од авантура со него, тогаш треба да знаете како да го заведете.
Всушност, тоа воопшто не е тешко, а дискретно, секој маж може да стане ваш. Треба само да ја покажете вашата подобра страна.
А како?
Следете ги овие едноставни чекори и препуштете се на вашите чувства.
Бидете што е можно пошармантни
Атрактивноста е универзален феномен и кога станува збор за личноста, постојат некои особини кои се подеднакво привлечни и за мажите и за жените. Затоа, кога размислувате како да привлечете маж, размислете што е тоа што може вас да ве привлече. Луѓето ги привлекуваат среќни и самоуверени луѓе. Фокусирајте се на покажување на вашата извонредна личност и оставете го жалењето за вашите другарки.
Направете да се чувствува добро покрај вас
Дали ви се допаѓа кога мажите ви даваат комплименти? Ниту тие не се имуни на ласкање. Не плашете се да му дадете неколку комплименти за неговите секси бицепси, шармантната насмевка или одличната смисла за хумор. Ако направи нешто убаво за вас, ве почести со вечера, ве однесе некаде или ви даде комплимент, покажете му дека го цените тоа.
Лов
Иако повеќето момци сакаат лов, им треба малку охрабрување. Секако, изгледа дека мажот го направил првиот потег, но тоа всушност го прават жените и тоа со нивните очи. Експертот за говор на телото Елен Пис вели дека треба да го погледнете мажот најмалку три пати пред тој воопшто да го забележи тоа. Погледнете во негова насока и задржете го погледот не повеќе од 20 секунди, а потоа повторете. Додадете мала насмевка за да не изгледате премногу сериозно.