Привремен прекин на водоснабдувањето во Куманово поради зголемена матност на водата

од Nikola Popovski
285 прегледи

ЈП „Водовод – Куманово“ известува дека денес околу 5 часот наутро од страна на вработените во Одделение за водоснабдителни објекти кои своите работни задачи ги извршуваат во Фабриката за вода (Филтер станица) во Куманово е забележан дотур на вода од хидромелиоративниот ситемот Липково-Глажња со зголемена матност од преку 10.000 NTU.

Од страна на вработените веднаш се превземени неопходни мерки предвидени за вакви случаеви,односно доводниот цевковод од Липково е затворен како не би дошло до позначителни штети на процесот на преработка на вода за пиење.

-Во моментот, а пред се заради безбедност по здравјето на населението во Куманово, водата која што е со зголемена матност се испушта директно во канализационата мрежа што ќе доведе до недостиг на вода во ситемот за водоснабдување. Ве известуваме дека од страна на ЈП Водовод Куманово известени се сите надлежни државни и општински институции.

Ве известуваме дека ЈП Водовод од своја страна во соработка со сите надлежни државни органи и институции ќе ги превземе сите потребни мерки и активности за безбедноста на здравјето на граѓаните на Куманово, стои во соопштението на Кумановскиот водовод.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавувања и штети предизвикани од пороен дожд и град во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Оттаму апелираат до граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот

Слични содржини