Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Никола Карев

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд (15 и 16 април), на дел од улицата Никола Карев, на крстосницата со булеварот Трета македонска бригада, ќе се изведува прекоп за поставување подземни инсталации.

„Поради тоа, во деновите од викендот, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 18 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација“, велат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот./META