Граничниот премин Стрезимир – Рестилица на македонско-косовската граница, од денеска до 1 септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји.
Преминот ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно
патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).
По тој повод, во посета на општина Маврово и Ростуше, како што најави градоначалникот Медат Куртовски, ќе биде министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со што ќе се означи привремено отворање на граничниот премин.
Северна Македонија и Косово актуелно имаат два гранични премина – Блаце (Генерал Јанковиќ) и Јажинце (Глобочица).