Привршуваат градежните работи пред ГТЦ: Нов плочник со 22 костени и патека за лица со инвалидитет (ФОТО)

од Берта Китинска
390 прегледи

Привршуваат градежните работи на просторот помеѓу  Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Порта Македонија кој води кон Плоштад Македонија.

Град Скопје во септември лани почна се уредување на овој дел, за како што кажа градоначалникот Петре Шилегов, да се смени ликот на централното градско подрачје.

На овој простор според проектот  ќе има плочки од три вида на површина од околу 5.000 квадратни метри. Ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и соодветна урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столпчиња.Реконструкцијата и уредувањето на просторот чини 530. 000 евра.

Фото: Бореч Поповски

Слични содржини