78
Денови пред големото дерби против Реал Мадрид, симпатизерите на Барселона повторно ја кренаа тензијата со навреди кон Винисиус Жуниор.
Фаворитот за „Златната топка“ често е мета на вербални напади, што станува редовна тема во шпанскиот фудбал.
Сега навивачите на Барса се снимени како скандираат „Винисиус, умри“ кон темнокожиот напаѓач на главниот град. Снимката е од пред натпреварот меѓу Каталонците и Баерн (Минхен) вчера во Лигата на шампионите.
„Ел Класико“ е во сабота навечер од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.