„Приврзаник на Трамп сакал да ја убие спикерката Пелоси во телевизиски пренос“

од Nikola Popovski
300 прегледи

Документ во врска со федералните истраги за нападот врз Конгресот на САД ја откри намерата на еден од демонстрантите да ја убие спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси со куршум во главата во ТВ-пренос во живо.

„Ќе прошетам по улиците на Вашингтон и ќе викам „Господ е најголем“, изјавил обвинетиот Кливленд Гровер Мередит, според податоците од истрагата добиена од дописникот на „Њујорк Тајмс“, Шејмус Хјуз.

Според документот во врска со истрагата, Мередит престојувал во хотел во Вашингтон, а во неговата приколка биле пронајдени девет-милиметарски пиштол „Глок“, пушка „Тавор Х95“ и муниција.

Во документот се додава дека за време на истрагата било утврдено дека обвинетиот Мередит нема дозвола за носење огнено оружје.

„Внатрешен тероризам“

Според Министерството за правда на САД, 13 лица се обвинети за неодамнешниот напад на Конгресот, вклучувајќи го и Мередит, кој е обвинет за смртни закани против Ненси Пелоси, без да открие други детали.

Корисниците на Твитер изразија противење на настаните во реакциите на објавувањето на документот, а некои сметаа дека тоа е обид за убиство и внатрешен тероризам и побараа судење.

Некои твитови ја осудија поддршката што некои досега му ја даваа на претседателот во заминување Доналд Трамп, со повици до потпретседателот Мајк Пенс веднаш да интервенира за да се отстрани Трамп од функцијата и да биде изведен пред лицето на правдата.

Слични содржини