(ПРИЗМА) Претседателката на Врховниот суд не му верува на ОБСЕ, анкетата за притисоци не била реална…

од desk3
110 прегледи

Лидија Неделкова, актуелната претседателка на Врховниот суд, ја обвини мисијата на ОБСЕ во Скопје дека искреирала наводна анонимна анкета за притисоци во судството, поради што ќе се прави нова анкета која ќе покаже дека нема притисоци- пишува Призма

lidija-nedelkova-1
Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, тврди дека анкетата на ОБСЕ во која судиите признаваат дека трпат политички притисоци, што директно влијаат на нивната работа, не била анонимна и не ја отсликува реалната слика во судството.

Токму затоа, како што рече, со претседателот на Здружението на судии, Николчо Николовски, решиле да прават нова анкета за да докажат дека нема политички притисоци во судството.

„Анкетата на ОБСЕ спроведена меѓу судиите не беше анонимна туку анкетните листови беа упатувани до одредени судии, а нив ги носеше лице од ОБСЕ и штом беа одговорени ги земаше од кај судиите. И да немало име на судијата на пликото, во ОБСЕ знаеја од кој судија е земен анкетниот лист. Мисијата на ОБСЕ не го направи тоа на соодветен начин, за да видиме што мислат судиите” – обвини Неделкова.

На јавна расправа, на која присуствуваа претседателите на судовите во Македонија, Членовите на Судскиот совет, министерот за правда, од Академијата за судии, како и претставници на делегацијата на ЕУ, Лидија Неделкова објави дека подолго време размислувале да ја направат новата анкета меѓу судиите во Македонија која треба да ги оспори резултатите добиени во анкетата на ОБСЕ од 2009 година.

Анкетата ОБСЕ ја спроведе во текот на 2009 година, а резултатите беа објавени во јануари 2010 година, од страна на БИРН кој дојде до документот.

За оваа анкета, Мисијата на ОБСЕ испратила прашања до 650 судии, колку што имало во тој момент, а одговориле 421 судија или повеќе од 65 проценти од судиите во Македонија.

Повеќе ТУКА