Пробајте нешто ново: Фантастични полнети триаголници

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Триаголници направени од тортиља исполнети со фил ќе ве освојат уште при првиот залак. Не дозволувајте тоа што на почетокот ви изгледа комплицирано да ве спречи да го пробате овој интересен рецепт. Триаголниците всушност лесно се прават, а состојките припаѓаат на оние кои редовно се користат во кујната.

Состојки:

6 тортиљи
250 гр пилешко филе (сецкано на коцки)
100 гр сланина (исечена на коцки)
200 гр мексиканска мешавина (или омилена мешавина од зеленчук)
4 супени лажици сок од домати или пелат
сол, бибер,
по желба мелена лута пиперка, оригано
1 белка од јајце
1-2 лажици ситно рендан кашкавал
2-3 лажици крупно рендан кашкавал за посипување
2-3 лажици доматен сос по избор за премачкување на садот
3-4 лажици доматен сос (или пелат) за премачкување на тортиљите.

Подготовка:

На масло пропржете ги сланината и пилешкото, извадете ја од тавата и додадете ја мексиканската смеса, додадете половина чаша вода и кратко динстајте. Кога водата ќе испари, додадете сок од домати и зачини. Добро измешајте и вратете го претходно подготвеното месо.

Исечете ги тортиљите на половина. Од секоја половина формирајте корнет, страните премачкајте ги со белка и прицврстете.

Наполнете го секој корнет со фил до 2/3, додадете малку кашкавал. Едната страна свиткајте ја навнатре, премачкајте ја со белка и преклопете ја со другата страна.

Дното на огноотпорен сад премачкајте го со доматен сос и наредете ги триаголниците. На крајот триаголниците од тортиљата премачкајте ги со доматен сос и посипете со кашавал. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути за да се растопи кашкавалот.

Слични содржини