Фантастичен ручек за носење: Тортиљи со маринирано пилешко

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:
(за 6 лица)

За маринираното пилешко:

– 300 гр бело пилешко месо

– 50 мл соја сос

– 1 лажица маслиново масло

– 1 лажица густин

– 1/2 лажичка мелена димена пиперка

– морска сол, бибер

За тортиљите:

– 6 големи тортиљи

– 100 гр ајвар

– 1 морков исечен на стапчиња

– 1 црвена пиперка исечкана на стапчиња

– салата, рукола

– 100 гр павлака

– 50 гр чедар кашкавал, изрендан

Подготовка:

Пилешкото месо исечкајте го на тенки шницли и префрлете го во садот во кој ќе се маринира.

За маринадата, во сад измешајте соја сос, маслиново масло, густин, димена пиперка, сол и бибер.

Со оваа смеса прелијте ги пилешките шницли, промешајте за месото да биде рамномерно покриено со маринадата. Оставете во фрижидер најмалку еден час.

Во голема тава загрејте малку маслиново масло, а потоа пропржете го маринираното пилешко во него.

Пржете го пилешкото на умерена температура по три до четири минути од секоја страна. Префрлете го печеното на даска и исечете го на стапчиња.

На суво тавче пропржете ги тортиљите по десет секунди од секоја страна.

Земете една по една тортилја, прво премачкајте ја со ајвар, па во средината намачкајте неколку стапчиња морков и бибер, па ставете ја салатата и руколата.

Одозгора се ставаат пилешките шницли, се додава уште малку ајвар и една лажичка кисело млеко, се се посипува со рендан кашкавал.

Внимателно завиткајте ја тортиљата, а потоа повторете ја постапката со останатите тортиљи и филувајте додека не ги потрошите сите состојки.

Слични содржини