Уште трае лидерската средба во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Иако од Еу-инфо центарот денеска закажаа прес-конференција на евро-комесарот Хан во 18:30 часот, по пробивањето на овој рок , од таму соопштија дека Хан ќе даде изјава во 20 часот. Не ги соопштија причините за одлагањето. Утрово Хан најпрво се сретна со лидерите на албанскиот блок партии, во 13 часот ги започна одвоените средби со Заев и Груевски, а во 17 часот дојдоа Тачи и Ахмети и започна лидеркста средба во полн состав. И утрината и кога дојде Али Ахмети соопшти дека е оптимист дека ќе има решение за политичката криза.
83
