Проблем во Европа: Две нови земји ги суспендираа вакцините на АстраЗенека

од Nikola Popovski
236 прегледи

Кипар и Португалија синоќа ги суспендираа вакцините против Ковид-19 на компанијата „Астра Зенека“, чекајќи ревизија на Европската агенција за лекови (ЕМА), објавија здравствените власти на тие земји.

Суспензијата, по сличен потег на Германија, Франција, Шпанија, Словенија, Италија и други земји, ќе трае до 18 март, кога ЕМА треба да издаде мислење за вакцината по извештаите за згрутчување на крвта кај некои пациенти кои ја примиле, пренесе Ројтерс.

Земјите треба да продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација, откако многу влади го стопираа вакцинирањето поради страв од згрутчување на крвта.

„Не сакаме луѓето да паничат и, засега, би им препорачале на земјите да продолжат со вакцинацијата со АстраЗенека“, рече главниот научник на СЗО, Сумија Сваминатан, на брифинг со новинарите.

Нејзините коментари доаѓаат откако почна да се зголемува бројот на земји што ја прекинаа употребата на АстраЗенека, укажувајќи на случаи на згрутчување на крвта кај луѓе кои ја примиле вакцината.

Слични содржини