231
Еден од најважните играчи на Ливерпул, Емре Чан, ќе го пропушти првиот 1/4-финален дуел на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објави „Тајмс“.
Германецот се уште не се опоравува од повредата што ја претрпе при победата од 5:0 над Ватфорд во Премиер Лигата. Чан тогаш беше заменет од Џејмс Милнер во 27-та минута и не играше во победата од 2: 1 над Кристал Палас во Лондон во саботата.
Менаџерот на тимот, Јирген Клоп повторно нема да може да го користи Адам Лалана, кој веројатно има сериозна повреда. Ливерпул се соочува со Сити утре на „Енфилд“ во 20:45 часот денес.
Реваншот на „Етихад“ ќе се игра следната недела.