Проблеми на Инфективна: Тројца лекари и една сестра заразени со Ковид-19

од Nikola Popovski
383 прегледи

Тројца доктори и една медицинска сестра од Инфективната клиника се позитивни на Ковид-19, објави ТВ 24.

Како што информираат, сите се со полесни симптоми и се на домашно лекување.

Ова се случува после десетина дена откако на Клиниката за нефрологија беа заразени повеќе од 20 вработени истовремено.

„Анализи за секвенционирање на британскиот сој траат најмалку една недела. Во текот на викеднов МАНУ дополнително земаше брисеви од здравствените работници на клиниката за нефрологија за да се извршат анализи“, соопштија од Министерство за здравство и дополнуваат дека моментално нема нов кластер на заболени од коронавирусот на скопските клиники.

Во последните 24 часа, единаесет пациенти починаа од Ковид-19 во болнички услови во последните 24 часа, а од 678 тестирања, регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19. Според Министерството за здравство, починати се 6 пациенти од Скопје (83,83,82,81,73 и 67), двајца од Гостивар (60 и 61) и по еден од Охрид (83), Струмица (75) и Тетово (77).

Слични содржини