Проблеми на Токсикологија: Лекари обвинуваат за однесувањето на директорката Иљази

од Nikola Popovski
239 прегледи

Превирања на Клиниката за токсикологија откако вработените изнесоа серија обвинувања за организациската директорка Бесија Иљази, за која тврдат дека донела дезорганизација на клиниката. Иљази покрај тоа што за два месеци раководење го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари, не доаѓала на работа. Ова се само дел од низата обвинувања од страна на вработени во Клиниката.

Дел од вработените на Токсикологија обвинуваат дека директорката не сака да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно ги турка 18-мина на кои лани им завршиле договорите. Ставот на лекарскиот колегиум е дека воопшто немаме потреба од толкав број на нови примања. Клиниката во моментот реално има потреба од тројца луѓе за да се доекипира лабораторија.

Професорот и вработен на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на денешната прес-конференција, којашто ја држеше заедно со останатите лекари на Клиниката, рече дека главен проблем со којшто во моментив се соочува клиниката е доекипирањето на лабораторијата, поради што пациентите трпат. Лекарите алармираа за хаосот што се случува на Клиниката, особено, како што велат, откако била назначена економската директорка.

Министерот за здравство, пак, Илир Демири, рече дека немал замерки, ниту имало пропусти за работењето на директорката и најави разрешување на медицинскиот директор д-р Данил Петровски.

Илјази на денешната прес-конференција одбила да се обрати на македонски јазик, па новинарите ја напуштиле средбата.

За новоназначената економска директорка веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника.

Слични содржини