Проблеми со артериите на нозете се почести кај корисници на марихуана

од Stefanija Kuzmanovska

Корисниците на марихуана можат да бидат изложени на поголем ризик од стеснување на артериите на нозете, сугерира новата анализа.

Наодите се извлечени од болнички податоци од САД за 30 милиони пациенти, вклучително и 623.768 корисници на марихуана.

Во споредба со оние кои не користат марихуана, корисниците на марихуана имаат повеќе од три пати поголема веројатност да имаат таканаречена периферна артериска болест (ПАД), изјавија истражувачите на годишниот состанок на Society for Cardiovascular Angiography & Interventions во Феникс.

Истражувачите не навеле дали времетраењето или интензитетот на употребата на марихуана влијае на ризикот од ПАД.

Кај ПАД, стеснетите артерии го намалуваат протокот на крв во рацете или нозете. Ако не се лекува, може да доведе до губење на подвижноста, намален квалитет на живот, срцев удар, мозочен удар и смрт.

„Со зголемувањето на употребата на марихуана во САД, нашите наоди покажуваат дека корисниците треба да бидат свесни за симптомите на ПАД, како што се болки во нозете при одење, побавен раст на косата и чувство на студ во нозете“, рече водачот на студијата, д-р Хирва Виас од Медицинскиот центар на Универзитетот Хекенсак во Њу Џерси, стои во соопштението.

Слични содржини