Проблеми со авионите на Боинг: Пронајдени нови недостатоци

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата Alaska Airlines потврди дека новите внатрешни инспекции на авионите на авиокомпанијата Boeing 737 MAX 9, по инцидентот на почетокот на овој месец, откриле дека многу од авионите имале лабави завртки.

„Јас сум повеќе од фрустриран и разочаран. Ова ѝ се случи на нашата компанија. Тоа им се случи на нашите клиенти и им се случи на нашите луѓе. И моето прашање до Boeing е што ќе направат за да ги подобрат своите програми за квалитет во компанијата“, рече Бен Минучи, директор на компанијата.

Според него, „на Boeing е да ја зголеми контролата на квалитетот за да не се повторат вакви инциденти во иднина“.

Приземјени авиони

Авион на Alaska Airlines принудно слета на аеродромот откако вратата за итен излез отпадна за време на летот на 6 јануари. Сите MAX 9 летала на Alaska Airlines веднаш беа приземјени. После тоа, откриени се лабави завртки и на авионите на United Airlines.

Неколку часа по инцидентот на летот на Alaska Airlines, американската Федерална управа за авијација (FAA) нареди приземјување на 171 од 218 авиони Boeing 737 MAX 9 кои биле во употреба додека не се завршат инспекциите на леталата.

Недолго потоа, FAA објави дека авиокомпаниите треба да ги прегледаат и постарите модели на Boeing 737-900ER, кои користат ист дизајн на вратите како моделот 737 MAX 9, како дополнително ниво на безбедност.

Слични содржини