Проблеми со Фејсбук, Инстаграм, Месинџер – „Анонимните“ се фалат дека се одговорни

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Во текот на денот, корисниците спорадично пријавуваа проблеми со објавување на Фејсбук, но целата работа кулминираше во понеделникот вечерта кога голем број корисници во Европа се најдоа во неволја.

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер не работат како што треба за голем број корисници во Европа, вклучително и во Македонија.

Корисниците не можат да објавуваат видео, да коментираат постови или да испраќаат порака до други корисници, а деловните корисници не можеле да додадат дополнителни опции на своите постови во текот на денот, како што се „Дознајте повеќе“ или „Купи“.

DownDetector покажува дека проблемите се најизразени во Велика Британија, Германија и Полска, но се јавуваат и во остатокот од Европа.

Од Фејсбук потврдија дека имаат проблем со функционирањето на дел од платформата и истражуваат кој е проблемот.

Сепак, неколку интересни твитови се појавија на профилот на Твитер на хакерската група „Анонимни“, што може да укаже на тоа дека тие стојат зад овие проблеми.

Бидејќи сè уште нема официјална потврда дека навистина имало хакерски напад врз инфраструктурата на Фејсбук, нивниот пост треба да се земе со доза резерва. Но, ако се земе предвид дека тие биле активни вклучени во движењето „Black Life Matters“ во последните неколку недели, не би било изненадувачки доколку го свртат вниманието кон овие социјални мрежи.

Интересно е што, корисниците, како и секогаш досега кога имало проблеми на Фејсбук, се упатиле кон Твитер да проверат што се случува.

Исто така, треба да се напомене дека проблемот со недостапноста на платформите е очигледно нешто пораспространет и е насочен кон американските компании. Имено, DownDetector покажува дека Твич, Тмобајл, но и некои други американски даватели на телекомуникации, исто имаат проблеми.

Слични содржини