Проблеми во Лејкерси – Дејвис и Хауард на работ на тепачка (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Неверојатни сцени се случија на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс.

Кошаркарите на Лејкерс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард влегоа во клинч за време на натпреварот, толку многу што за малку ќе се пресметаа.

Соиграчите ги разделија за да нема жесток физички контакт …

Тоа ескалираше кога Дејвис му приговараше на Хауард за време на тајм-аутот во првото полувреме, што го изненади Двајт кога стана, а неговиот соиграч го фати за рака.

Дејвис беше тргнат од соиграчите, но тој продолжи да покажува кон Хауард.

„Добри сме. Решивме се. Тој е мојот брат“, изјави Хауард по натпреварот.

Тренерот Френк Фогел објасни дека Хауард и Дејвис имале проблем поради несогласувања околу дефанзивните задачи и дека се е решено внатре во соблекувалната.

Инаку тимот од Л.А. ги загуби првите 2 натпревари од новата сезона, иако во тимот ги имаат Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Кармело Ентони итн.

Слични содржини