Проблеми во Мадрид – Крос со повреда

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Не е се розово за Реал Мадрид по победата над ПСЖ во Лигата на Шампионите во вторникот, бидејќи се покажа дека Тони Крос е со повреда.

Германецот е со проблем во левото колено, откако станува збор за истегнување, што ќе го извади од игра за некое време.

Сепак се смета дека повредата не е толку сериозна и има шанса да се опорави за реваншот против Французите кој ќе биде по 18 дена во Париз.

Крос даде сѐ од себе во дуелот во вторникот, откако истрча повеќе од 13 километри, но го заврши судирот со болки во коленото и направените тестови потоа покажаа дека станува збор за повреда.

Се очекува на негово место Зинедин Зидан да го стави во составот Матео Ковачиќ, а германскиот фудбалер се очекува да ги пропушти судирите со Бетис, Леганес, Алавес, Еспањол и Хетафе пред реваншот против ПСЖ на 6 март.

Слични содржини